Локалните власти на главниот град на Јапонија, донесоа одлука од 2025 година фотоволтаиците да бидат задолжителни на сите нови куќи. Ваквата одлука ја образложиле со намерата да се намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Инаку, Јапонија е петти најголем емитер на CO2 во светот и се обврзува до 2050 година да постигне јаглеродна неутралност, а до 2030 година да ги преполови емисиите во однос на 2000 година.
Одлуката која на предлог на локалната влада ја усвоил локалниот парламент, се однесува на околу 50 големи компании за изградба на куќи. Тие ќе имаат обврска сите објекти да ги опремат со постријки за обновливи извори на енергија, првенствено со фотоволтаици. Од обврска ќе бидат исклучени зградите со површина на покривот помала од 20 квадратни метри. Градските власти ќе понудат и субвенции со цел да ја поддржат оваа одлука.