Асоцијацијата на архитекти на Македонија вечер во црквата „Света Богородица“ во Скопје ќе ја додели наградата за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2013 година.
Добитник на наградата, која се доделува за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството, е архитектот Михаил Токарев, пензиониран редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
– На наше задоволство, набројувањето на се она што го сработил Михаил Токарев и она што го остава како трајно сведоштво од областа на архитектурата е огромно, така што во голем дел може да послужи како убав пример и патоказ, соопшти ААМ.