„Тојота“ досега ширум светот има продадено над 9 милиони хибридни возила. Според анализите на компанијата, заклучно со 30ти април оваа година, користењето на нивните хибридни возила наместо конвенционалните од сличен тип и перформански, резултирало со заштеда на 67 милиони тони CO2.„Тојота„ во моментот продава 33 различни хибридни модели на автомобили во над 90 земји.