Насловна / Вести / „Тојота“ планира 10 модели на електрични возила до 2020

„Тојота“ планира 10 модели на електрични возила до 2020

Јапонскиот автомобилски гигант „Тојота“, планира да ја збогати својата производна линија со над десет модели на целосно електрични возила до 2020 година, што зборува за драматичен пресврт во политиката на компанијата кон овој растечки технолошки тренд. Имено, корпорацијата Toyota Motor  досега нема во својата понуда целосно електрични возила, иако е водечка на глобалниот пазар со своите хибридни модели.

Toyota 3

 

Извршниот претседател на компанијата вели дека новите елктрични возила првенствено ќе бидат нудени во Кина, со оглед на постоењето на субвенции и други стимулативни мерки во прилог на електричните возила во оваа земја.

toyota 2

„Тојота“ продава близу 10 милиони возила годишно ширум светот.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top