Лион, Франција – Музеј на природни науки Konfluans од проектно биро Coop Himmelbau.
Австриските архитекти победиле на конкурсот уште во 2001 год., но изведбата на музејот воопшто не одела лесно. Процесот нa градба бил прекинат две години, а неговата прва фаза опфаќала вградување – набивање на шипови во вкупна должина од 536 метри, кои биле неопходни бидејќи музејот се градел на низок терен – на устието на реките Рона и Саона. Сливот е наречен „Фузија“, како што се вика и околниот округ.
Музејот е важен објект на градската скала на знаменитости. Местоположбата го означува како „светилник“ и симбол на новиот реонски центар (пред тоа индустриско подрачје), во непосредна близина на центарот на Лион, градот на светски познатиот фестивал на светлината. Околу се и други културни установи, бизнис и станбени објекти, проектирани од познати архитекти.
Музејот Konfluans се состои од три дела- волумени, распоредени на три нивоа.
„Plaza“ е на ниво на пешачката патека покрај реката, и тука се наоѓаат два респективни простори за 327 и 122 седишта, училници за учениците од околните училишта, магацини и простории за состаноци. Стакленото ниво „Crystal“ е предворје со спирални рампи, скалишта и ескалатори, како и книжарница. Третиот и најважен волумен „Cloud“ е од челична конструкција која ја носи целата структура, и каде се наоѓаат девет простори за привремени изложби, јавни работилници и управата. На кровниот дел се кафуле и соларни панели.
Слободната конзола е инспирирана од спојот на водните текови на двете реки.
Проектот на овој извонреден објект, нов симбол на Лион, изнесува 185 милиони евра, или околу 3.980 евра по метар квадратен.