И покрај проетестите на граѓанските организации против изградбата на ТНГ терминалот на Крк со образложение дека таквиот проект ќе има лошо влијание врз животната средина и туризмот, сепак надлежното национално тело во Хрватска неодамна се изјасни „за“ овој значаен инфраструктурен објект. Од 16-те членови на ова тело, против се изјасниле само претставниците на Општина Омишаљ и Приморско -гoранската жупанија, истакнувајќи дека овој зафат не е во соглсност со урбанистиките планови, законите на Хрватска, како и дека е еколошки и економски дискутабилен.
Пред самата седница, пред зградата на Министерството за заштита на животна средина и енергетика, повторно е одржан протест на организацијата „Зелена акција“.