Прославениот италијански архитект проектирал единствена кула која наскоро ќе ја краси албанската престолнина.
Bosco Verticale во Милано од 2014. година сигурно е најпрочуената зелена зграда на светот, која не само што е овенчана со бројни награди, туку е и зачетник на градење згради кои се „оковани“ со зеленило. Bosco Verticale е проект на Стефано Боери, кој сега проектира кула во Тирана со асиметрично поставени, коцкасти тераси во кои се засадени големи зелени дрвја.
Објектите обогатени со дрвја, грмушки и цвеќе се сметаат за вертикални шуми кои ја зголемуваат зелената површина во градовите и го подобруваат квалитетот на воздухот во урбаните средини. Бирото на Stefano Boeri Architetti специјализирано е токму за овакви објекти и проектирале кули во неколку европски градови меѓу кои покрај Милано се и Утрехт и Нанјинг, а сега на ред е Тирана.
Dezeen наведува дека при работа на овој проект големо внимание е посветено на изборот на растенијата. „Тирана е медитеранска престолнина, поради што одбравме различни видови растенија, типични за овој еко систем“, изјавија од бирото. „Интензивни зелени грмушки кои ги карактеризираат жолти и виолетови цветови ќе бидат засадени на зградата, како и мирисни растенија, босилок и рузмарин“.
Сепак, вистинска шума ќе се најде на фасадат на објектот. Ќе ја красат 3.200 грмушки како 145 дрвја.
Нов украс на градот
Зеленило и големи стаклени површини ќе красат три од четири страни на зградата, додека едната страна ќе остане „слепа“. Прозорите на сите катови ќе се простираат од под до плафон, а на станарите погледот на плоштадот Марија Терезија ќе им биде врамен со големи живи орнаменти.
Вертикалната шума во Тирана ќе биде на 21 кат и ќе има вкупно 105 станови. Приземјето ќе биде наменето за трговија, а гражата и помошните простори се сместени на четири нивоа под земја.