Според проектот на познатиот италијански архитект во центарот на Тирана, ќе се изгради Blloku коцка – повеќенаменски објект во форма на коцка со една интересна фасада од која се рефлектира светлина.
Архитектот кој е познат во јавноста по проектот Bosco Verticale, првата кула со вертикални градини на фасадата, оваа зграда во Blloku е дизајнирана како импозантна градба која привлекува внимание не само со својата форма, туку и со двојната алуминиумска фасада која е направена по шема која е карактеристика на архитектурата на пост -комунистичката ера.
Фасадата на зградата е направена од триаголници кои ја одразуваат светлината во боите на виножитото. Сепак, оваа сјајна фасада не е само декоративна, таа исто така ја зголемува енергетската ефикасност на објектот, бидејќи, како завеса ја штити внатрешноста од прегревање.
Francesca Cesa Bianch, лидер на проектот, вели дека фасадата се состои од модул за мерење на 110 сантиметри квадратни и дека само една половина од светлината се прекршува благодарение на триаголниците заварени внатре. Ваква уникатна алуминиумска фасада на ентериерот му дава уникатна нота. Проектот почна да се реализира во јули 2018 година.