Дизајнот на овој објект се стреми кон надоградување на постоечката станбена структура, позитивно рефлектирајќи се на клиентите и нивниот начин на живеење. Основното барање на клиентите подразбира зајакнување на фронталниот израз на објектот преку одмерено реобмислување и реобликување на екстериерот и ентериерот.
Проектот инволвира нов влез и реобликување на фасадата со цел да се обезбеди соодветно осветлување во приземјето, да се ослободи поголем корисен простор за живеење и да се создаде директна релација со дворот. Подрумските простории добиваат утилитарна намена за да можат повремено да се користат како апартман, додека дополнително реновирање е изведено и во спалните и бањите на погорните катови.
Целокупната интервенција создава посебен идентитет оплеменет со мали, но значајни детали кои зборуваат за историјата на објектот, како и за процесот на неговото современо реобликување.
Насловна / Ентериери / Типична канадска архитектура во низа, трансформирана во елегантен и пријатен дом | Drew Mandel Architects