Насловна / Вести / TINEX со донација од 100 илјади денари за Клиниката за Инфективни болести во Скопје

TINEX со донација од 100 илјади денари за Клиниката за Инфективни болести во Скопје

Како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и нивниот придонес во борбата против вирусот COVID-19 , компанијата Tinex, денес, направи донација во вредност од 100 илјади денари, за потребите на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Tinex donacija

Како што соопштуваат од компанијата материјалната донација на Tinex се состои од 100 сета постелнини (креветски чаршав и навлаки за перници)  и средства за лична  хигена како 153 парчиња средство за дезинфекција на површини (500мл.), 35 парчиња антибактериски гелови за дезинфекција на раце (450мл), 200 парчиња течен сапун за раце  (500мл.), 192 парчиња влажни марамчиња пакување 64/1, 288 парчиња бришачи за раце  пакување и 84 парчиња тоалетна хартија пакување 24/1.
“Новонастанатата ситуација со ширење на вирусот COVID-19 во нашата земја наметна нови предизвици за сите поединци, компании и институции во државата, но најголемиот притисок  беше ставен врз здравствениот систем и здравствените работници. Тие се оние кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик по своето здравје, континуирано и храбро се борат за лекување на сите граѓани со нарушено здравје и спречување на ширење на вирсот. Нашата компанија Tinex, како докажана општествено одговорна компанија, секогаш е тука да понуди безрезервна поддршка и помош онаму каде е најпотребно. Во овие тешки моменти, се надеваме дека со нашата донација ќе помогнеме  во борбата против вирусот“, велат од Tinex.
Дополнително, од компанијата информираат дека нема да запрат со хуманитарните активности и дека и во иднина ќе продолжат да помагаат на заедницата. Па така, во наредните месеци, еднаш месечно ќе прават донација, согласно потребите и во координација со кризниот штаб при Министерството за здравство.
Порта 3 ги поддржува сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19.

Испрати коментар

Scroll To Top