Насловна / Вести / „Тинекс“ отвори едукативен центар за своите вработени

„Тинекс“ отвори едукативен центар за своите вработени

KIR_4773
Со мала свеченост компанијата „Тинекс“ денеска отвори едукативен центар за своите вработени. Центарот се наоѓа во деловните простории на Тинекс маркетот во Кисела Вода. Едукацијата ќе се состои од обуки на вработените во маркетите, кои ќе бидат поделени во неколку групи, а во првите неколку фази ќе бидат опфатени околу 600 од нив. Центарот го отвори сопственикот Владимир Тодоровиќ.

KIR_4791

Овој проект, како дел од деловната стратегија на компанијата, има за цел да ги собира на едно место сите вработени во Тинекс каде заедно, кои со помош на стручни лица ќе можат да се усовршуваат, обучуваат, едуцираат и тренираат за своите позиции и за нивен иден успех на работното место. Целта на едукативниот центар е континуирана обука и евалуација на знаења на сите вработени, со што ќе се постават критериуми и стандарди за нивото на стручноста на персоналот во пристапот до потрошувачите, клиентите и деловните партнери.

KIR_4881
Едукативниот центар на компанијата Тинекс се простира на 140 метри квадратни во кои владее пријатна работна атмосфера и е опремен со стручна литература, компјутери и останати технички помагала. Центарот ќе започне со обуки на вработените во маркетите кои ќе бидат поделени во неколку групи. Обуките во престојниот период ќе бидат органзиирани со помош на Центарот за менаџмент консалтинг, образование и обука „Мотива“. Во склоп на центарот ќе се оддржуваат и различни проверки на знаење и размена на искуства.

KIR_4803
На присутните гости им се обрати и бренд-директорката Цветанка Христовска која изјави: -Тинекс, како еден од лидерите во корпоративната филантропија во Македонија, со овој едукативен центар докажува дека се стреми да постигне препознатливост и посебност и во грижата за своите вработени. Еден од клучните мотиви кои ја водат компанијата во освојување на нови успеси преку овој едукативен центар е целта да се мотивира, поттикне и активира целиот кадар во компанијата за стекнување нови знаења, како и обновување и проширување на старите.

KIR_4835
На свеченоста зборуваше и Зоран Костовски од „Мотива“ кој нагласи: -Тинекс преку воведувањето на едукативниот центар се докажува како компанија која ги следи светските практики за образование и обука на вработени, преку која вработените ќе се запознаат со современите трендови во делот на малопродажба и ќе се здобијат со вештини како поквалитетно да ја извршуваат својата работа и да даваат подобра услуга кон купувачите. Преку ова компанијата го промовира концептот на доживотно учење и надградување каде што на вработените им се овозможува себереализација, проактивност во секојдневното работење со остварување на крајна цел испорака на врвна услуга кон купувачите и зголемување на лојалноста и посветеноста на купувачите.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top