Тимот од Populous и консултантите од Egis ќе го одат планирањето на спортските арени и други објекти за Олимписките и Параолимписките Игри во Париз 2024. Овие компании се веќе избрани како победници на конкурсот во 2016, но се чекаше на официјалната потврда на кандидатурата на Париз за домаќин на Игрите.
Планот предвидува создавање на нови постојани и привремени објекти на клучни локации низ градот вклучувајќи и велосипедски патеки на Champs Elysees и арена за одбојка кај Ајфеловата Кула. Концептот има основна цел да ги направи овие Игри најодржливи досега.
„Париз ќе биде еден прекрасен Олимписки Парк, а трансформацијата на некои од најубавите културни и историски споменици вo привремени сцени за олимписко натпреварување ќе креира незаборавни слики ширум светот.“ велат од Populous.
Директорот на Populous, Francois Clement додава „Париз е еден од градовите кои сериозно се посветени на борбата со климатските промени и грижата за здравјето и благосостојбата на своите жители. Токму затоа, уште повеќе сме почестени и обврзани да придонесемe во напорите за најодржливи Олимписки игри во историјата“.
Париз 2024 е 38 Олимпијада, и е 13-та чие планирање е доверено на Populous. Компанијата има проектирано најголем број на олимписки стадиони од било која друга архитектонска компанија, меѓу кои Олимписките Стадиони во Сиднеј 2000, Лондон 2012 и Сочи 2014.