HSE (Holding slovenske elektrane) ќе му предложат на изведувачот Алстом мирување на сите работи на изградбата на новиот блок 6 на термоцентралата Шоштањ. Спорот помеѓу словенечката држава и Алстом трае веќе подолго време, а HSE пак има сериозни проблеми со ликвидноста.
Се работи за проект чија вредност континуирано расте и достигна 1,45 милијарди евра со повеќе анекси на договорот. Крајната вредност на контроверзниот проект започнат во 2008 година сеуште не е позната. Во целиот случај подолго време е активна и полицијата поради сомневања за корупција.
Извор: Finance