Интегриран тим предводен од данското биро JDS Architects со француското Coldefy, амстердамското биро NL Architects, италијанското Carlo Ratti Associati, шпанската фирма Ensamble Studio и заедно са белгиската компанија UTIL cvba и данската инженерска компанија Ramboll, прогласени се за победници на меѓународен конкурс. Тимот е избран за за обновување на зградата на Европскиот парламент, позната како Paul-Henri SPAAK Building, во Брисел, Белгија.
Меѓународниот конкурс беше објавен во 2019 година и бараше силен одржлив пристап за обновување на SPAAK, распишаниот натпревар повика на нов процес на „обновување“, што ги покрива сите пристапи помеѓу „реновирање“ на зградата и „реконструкција“.
По разгледувањето на 132 поднесени апликации една година подоцна, жирито избра 15 кандидати за учество на финалниот натпревар, вклучително и реномирани фирми како што се OMA, Snøhetta, Renzo Piano Building Workshop, Shigeru Ban Architects и Dominique Perrault Architecte.
Покрај победничкиот тим на чело со JDS Architects, организацијата втората награда ја додели на групата предводена од Jabornegg & Palffi (Австрија) и Kuehn Malvezzi (Германија), пишува ArchDaily.
Третата, четвртата и петтата награда е доделена на Moro Kusunoki со седиште во Франција и белгиската фирма Dethier Architectures, по што следува решението на Belvedere Architecture (Франција), а потоа тимот предводен од A2M (Белгија) и C.F. Møller Architects (Данска).
Зградата Paul-Henri SPAAK е дел од комплекс составен од десетина згради, кои зафаќаат вкупна површина од околу 665.000 квадратни метри.
Во зградата од 84.000 квадратни метри е сместена Комората на Европскиот парламент и низа објекти за одржување на состаноци на парламентарните комисии, организирање прес-конференции и пречек на посетители.
Што се однесува на новиот проект, претставниците на Европската унија објаснија дека „терминот на реновирање“ во овој случај ги вклучува сите пристапи меѓу „реновирање“ и „реконструкција“ на зградата.
Така, една од главните компоненти на конкурсната задачата била да се идентификува вистинскиот пристап. Бидејќи ЕУ не објави слики од победничкиот проект, сè уште е нејасно кој пат всушност го избрал првонаградениот тим за својот предлог.
Според најавите од Европскиот парламент, 15-те проекти кои влегоа во финалето ќе бидат прикажани на изложба во Брисел, која е закажана за септември 2022 година.