Насловна / Архитектура / Тим од Скопје добитник на трета награда на конкурс за спортска сала на Цетиње

Тим од Скопје добитник на трета награда на конкурс за спортска сала на Цетиње

На официјалната веб-страница на престолнината на Црна Гора соопштено е дека со изборот на победничкото решение заврши меѓународниот јавен конкурс за изработка на идејното архитектонско решение за спортската сала на Цетиње, објавен во јули годинава со награден фонд. во бруто износ од 33.500 евра.

02_resize

Прва награда

Меѓународното жири одлучи првата награда од 15.000 евра да му припадне на проектот на Биро 81000 од Подгорица. Автори на проектот се Иван Јовиќевиќ и Душан Ѓуровиќ, со соработниците Денис Тахировиќ, Теодора Бијелиќ, Ксенија Гомилановиќ и Оливер Мирковиќ, додека соработници за конструкција се Иван Живковиќ и Младен Мухадиновиќ.

1_resize

0_resize

Прва награда

ПРИСТИГНАЛЕ 15 ПРОЕКТИ

Втората награда која изнесува  9.000 евра, е  за проект на меѓународен тим автори составен од Мирко Поповиќ, Жаклина Њежиќ и Золтан Шрамел, а соработник за конструкциите била Јелена Вилотијевиќ.

Автори на третопласираниот труд и добитници на наградата од 6.500 евра се Христијан Ивановски, Викторија Богданова и Александар Симјаноски од Скопје, со соработниците Благој Димитриески  и Мартина Штериова.

00_resize

03_resize

Трета награда, тим од Скопје

Покрај овие проекти, стручното жири додели уште четири откупа. На конкурсот пристигнале 15 труда.

Цетиње распиша меѓународен јавен конкурс за идејно архитектонско решение за спортска сала во градот, врз основа на претходна одлука на Собранието на Цетиње, во која беа прецизирани локацијата, габаритите и другите критериуми за изградба на нова спортска сала.

3_resize

Прва награда

По завршувањето на конкурсот и објавувањето на резултатите, ќе има подготовка и објавување на тендер по принципот „проектирај и изгради“, по што ќе се работи на изградбата на спортската сала на Цетиње, која би треба да започне следната година.

01_resize

2_resize

Прва награда

Испрати коментар

Scroll To Top