Поранешниот здравствен комплекс, некогашното породилиште Condessa Filomena Matarazzo Maternity дочека новиот живот – претворен е во гламурозен Rosewood São Paulo hotel во Сао Паоло. Се состои од 160 соби за гости и 100 резиденции, првиот имот на Rosewood во Латинска Америка опфаќа историска структура и нова кула. За потфат од оваа големина бил потребен тим од проектантски и дизајнерски тешкаши, кој ги вклучува францускиот архитект, добитникот на Прицкер, Jean Nouvel и Philippe Starck, кои го оживеале комплексот.
Веднаш препознатлив по својата нова кула Mata Atlântica, покриена со бујна вертикална градина, хотелот помага да се даде тон на растечката градска заедница Cidade Matarazzo, основана од францускиот претприемач Аlexandre Allard.
Спојот на старото и новото е централна тема на обликувањето – препознавање на богатото минато на Бразил со нагласување на иднината. Ова е визијата што ја поврзува кулата со историските градби. И двете се вкоренети во одржливоста, бидејќи едното е обновено, а другото е наменето беспрекорно да се вклопи во природниот пејзаж.
Отворена во 2022 година, кулата Rosewood е замислена како почит на Атлантската шума што го покрива поголемиот дел од брегот на Бразил. Проектот на Jean Nouvel е „пејсажна зграда“ која се храни со бујната локална вегетација, со цвеќиња, растенија и дрвја што ги обвиваат јавните и приватните простори, терасите и покривите на комплексот. Оваа вертикална градина не само што ќе обезбедува чувство на континуитет помеѓу кулата и нејзината околина, туку нуди и заштита и приватност на жителите.
„Cidade Matarazzo, пред сè е израз и кристализација на прекрасната визија за моќта на бразилската креативност, моќта на нејзините корени и целата нејзина историја“, вели Philippe Starck. „Не зборуваме за архитектура или дизајн; едноставно зборуваме за душата на еден народ, душата на општеството, душата на цивилизацијата“.
Повеќе од 50 занаетчии и уметници од Бразил создале речиси 500 дела специфични за локацијата што ги истакнуваат раскошните ентериери на Starck.. Инспириран од капелата Santa Luzia од околу 1922 година, која е зачувана на локацијата.