Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора на 24 декември ги објави резултатите од меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение на атлетскиот стадион во Подгорица, објавен кон средината на октомври годинава.
Прва награда
Со одлука на жирито, со кое претседаваше архитектот Бранислав Греговиќ, првата награда му е доделена на тим автори од Македонија составен од пет женски архитекти: Марија Димитриевска Цилакова, Викторија Богданова, Даница Спасевска, Ива Поповска и Мина. Гутовиќ. Првата награда е во вредност од 25.000 евра.
Прва награда
Втората награда во вредност од 15.000 евра му припадна на трудот чии автор се Regaip Adem, Berkay Türk и Pelin Çatıkkaya од Турција, додека третата награда е делото на белградското студио Тактика на авторите Стефан Ѓорѓевиќ и Далија Дуканац со соработниците Татјана Аргакијев и Маја Савиќ, оваа награда е во вредност од 8.000 евра.
Втораа награда
Квалитетно артикулиран концепт
Со едногласна одлука на жирито, првонаградениот труд на архитектите од Македонија се изстакнал со квалитетно артикулиран концепт, кој доследно и без вишок компромиси е спроведен низ проектантскиот процес до конечното конкурсно решение.
„Како што истакнуваат самите автори, одлуката да се пристапи кон оваа тема без стереотипи за потребата од изградба на ‘спортска тврдина’ оценета е како добра почетна точка. Водени од овој првичен став, авторите го афирмирале трагањето по инпутите на локацијата чија ‘ДНК’ ја пронашле во активирањето на нова топографија која дискретно се надоврзува наизразената хоризонтала на местото на средбата на градот и Ќемовското поле“, се наведува во извештајот на жирито и се додава: „Мотивот на ливадата на работ на градот ги инспирирал авторите да се посветат на проектирање на атлетскиот стадион како инфраструктура за активен одмор и слободно време, објект кој повикува и инспирира и кој пред се има потенцијал да го оживее, оздраве и обележи тој дел од градот“.
Трета награда
За еднако вредни суми од 8.000 евра откупени се и три трудови на архитектонски тимови од Италија (откуп 1), Црна Гора (откуп 2) и Португалија (откуп 3).
Конкурсние резултати можат да се видат на следниот линк.
Откуп 1
Откуп 2
Откуп 3