Насловна / Вести / Тилос – првиот остров во светот кој не произведува ниту грам отпад

Тилос – првиот остров во светот кој не произведува ниту грам отпад

Тилос, мал остров во архипелагот Додеканез, во југоисточниот дел на Егејското море е првиот во светот кој не произведува ниту грам отпад.

Нечепната природа, тиркизно море и романтични пристаништа… личи на многу други грчки острови. Но, засега Тилос е првиот и единствен остров во светот кој не произведува отпад. Жителите на Тилос отсекогаш биле прогресивни и хуманистички настроени, секогаш давале предност на јавното здравје, човековите права и екологијата.

1

Островот има население од нешто помалку од 800 луѓе, сите живеат во национален парк со неверојатен биодиверзитет. Токму тука пред неколку години отворена е првата грчка хибридна електрана на ветер и соларна енергија, што им овозможило да бидат целосно енергетски независни.

Ова му даде можност на населението да користи електрични возила, па логичен следниот чекор подразбирал намалување на отпадот. Тилос рециклира повеќе од 80 отсто од својот отпад, што е највисока стапка на рециклирање во светот. Денеска немаат корпи за отпадоци, туку Центар за креативно рециклирање.

2

Политиката без отпад привлекла и еколошки свесни посетители и создала нови економски можности поврзани со примената на обновливите извори на енергија. Исто така, започна еко-туризам и одржливо земјоделство, што ја поттикнало локалната економија.

Тилос е светол пример за тоа како сè е можно ако се сака. Самосвеста и дисциплината, како и грижата за здравјето и животната средина, го направија островот оаза во која живеат среќни и задоволни жители. Пред се, тие се здрави.

3

Испрати коментар

Scroll To Top