Единствен претставник од нашиот регион во областа керамика на годинешниот саем „CERSAIE 2017“ беа brend gres porecellanato ректифицираните плочки „TILEZZA“. Не само што го привлекоа вниманието на посетителите од нашиот регион, туку ги воодушевија и посетителите од другите земји од светот. Колекцијата плочки од овој бренд, којашто ја краси препознатливиот италијански дизајн покажа дека и домашните производи можат да им конкурираат на светски водечките производители на керамика.
Штандот изгледаше импресивно, како и енергијата на тимот што е заслужен за првиот успех на овој бренд на болоњскиот саем. Посетителите не го криеја задоволството од појавата на нашиот бренд на овој престижен саем, но и поради тоа што тоа што со години беше „резервирано“ само за Италија и Шпанија, конечно ќе биде достапно и на домашниот пазар.
Познато е дека таквите примери секогаш ги мотивираат и другите производители да произведуваат квалитетна керамика по ниски цени, достапна за домашните купувачи.
Еден од оние кој го посети штандот „TILEZZA“ и се запозна со колекцијата на овој бренд, којашто се произведува во рамките на „Зорка Керамика“ беше и Бобан Јокиќ, сопственик на студиото за проектирање и опремување ентериери „Спектар ентериер дизајн“.
Позитивните импресии не изостанаа, а трудот, темелната и квалитетна работа на домашниот тим што е заслужен за создавањето на овој бренд, направија како што вели тој да им конкурираме дури и на Шпанците и Италијанците. Особено го пофали изборот на прикажаните колекции и формати, коишто иако беа мали во однос на италијанските, изгледаа особено убаво и многу лесно се вклопуваат во секој ентериер.
Слични впечатоци има и Ненад Танасковиќ, архитект од Белград и сопственик на фирмата „Nesh projekt“, кој се занимава со проектирање на станбени комерцијални објекти, но и со изведба на ентериери. Тој особено ја истакнува можноста за користење на „TILEZZA“ плочките во голем број проекти. Како што вели тој брендот поседува голем комерцијален потенцијал и е погоден за широка употреба, што е од пресудно значење за конкурентност на домашниот, но и на странскиот пазар.
Една од многубројните дизајнери на ентериер од нашиот регион кои посветија големо внимание на единствениот бренд од Србија на саемот „CERSAIE 2017“ беше Јелена Радовиќ која се занимава со сценографија и сликарство. Всушност низ призма на сликарството ги оцени прикажаните колекции коишто како што таа истакна се „поинакви“ и „различни“ што и не е чудно бидејќи се создадени во соработка со италијански дизајнери.
Судејќи по првите впечатоци „Зорка Керамика“ со програмата „TILEZZA“ на голема врата тргна да го освојува пазарот, а што сè нуди, односно целиот асортиман можете да го видите на: www.tilezza.com.
Ексклузивен дистрибутер за Македонија е компанијата Балканија MM ДООЕЛ, Куманово.