Неодамна во Скопје се отвори најголемиот центар на финската фирма Tikkurila, која нуди широка палета на производи кои служат за површинска заштита и декорација во зависност од намерата на потрошувачите и професионалците. Зад употребата на производите на Tikkurila стои еколошко системско решение кое помага финалниот слој да ја задржи трајноста, бојата и структурата на површината.
Со историја која трае од 1862 година, Tikkurila е водечки производител на декоративни премази во Финска, Шведска, Русија како и во Балтичките земји и Полска. Tikkurila, исто така, има многу стабилно учество на пазарот во неколку источноевропски држави меѓу кои е и нашата земја.
Историјата за Tikkurila во Македонија потекнува од 2011 година, кога таа ја презема српската фабрика „Зорка Колор“ која, пак, претходно го презема македонското производство на „Алкалоид премази“. Оваа корпорација која е повеќе од присутна на европскиот а и на светскиот пазар, денес брои повеќе од 3.100 вработени.
Токму со цел да ги доближи производите со скандинавски квалитет, неодамна се отвори најголемиот Tikkurila центар во регионот. Грижливо уреден со секој запазен детаљ и со секој вложен труд за сето тоа да се доведе до перфекција, овој објект лоциран во Визбегово е обезбеден со Колор студио и Тренинг центар.
Колор студиото е опремено со современи реквизити со цел да им помогне на клиентите во визуелизација на внатрешниот простор, а со тоа и да ги доближи нијансите, структурата и финалниот ефект што се добива на површината. Објектот е направен според високо поставени стандарди, каде целосно се употребени токму производите на Tikkurila.
Тренинг центарот е за оние што повеќе се заинтересирани за системот и начинот на користење на продуктите. Низ обуките што се организираат, секој кандидат поминува низ теоретски дел каде детално се запознава со карактеристиките и потенцијалните можности за употреба на материјалите. Вториот дел на обуките се однесува на практичниот дел каде се пробува, експериментира и проучува методот на работа со материјалите. Обуките ги водат искусни технички лица кои одговараат на сите нејаснотии во однос на примената на материјалот.
Што е тоа што боите на Tikkurila ги прави различни од останатите? Одговорот е во структурата на самата боја која не дозволува да се развие мувла, лесно се одржуваат бидејќи можат да се перат, имаат мало влијание врз животната средина во текот на нивниот рок, имаат ниска горлива вредност, се одликуваат со антистатичност и најважно е што се долготрајни и ја задржуваат нијансата независно од степенот на сјај.
Во програмата за заштита и декорација на внатрешни ѕидни површини спаѓаат акрилниот прајмер Luja кој е комплементарен со латексните бои Harmony – боја со полн мат, Joker – најеколошка боја која не задржува прашина и не испушта штетни материи при сушење, што ја прави погодна за употреба во болници, градинки, детски соби итн. Последна од оваа група е Luja (полумат и полусјај) која е најквалитетна високоотпорна боја. Нејзината отпорност е над 15.000 триења, се употребува во простории со големо испарување, односно кујни, базени, бањи итн. Сите овие бои можат да се перат и затоа се лесни за одржување, и имаат антистатички карактеристики кои одговараат на ХАСАП системот.
Во декоративниот сегмент на бои спаѓаат полутранспарентни и транспарентни бои кои со игра на нијансата на подлога и декоративната боја може да се добие впечатлив ефект. Најкарактеристична е Taika, групата на бои кои имаат металик бисерен сјај кој произлегува од златна и сребрена база во зависност од нијансата. Во оваа група спаѓаат Taika Pearl Paint која е целосно покривна, Taika Pearl Glaze полутранспарентна и Taika Stardust која од самото име на бојата „ѕвездена прашина“ кажува за финалниот, светликав ефект кој се добива на површината.
Со цел ѕидот да се анимира и во тридимензионална смисла, во делот на декоративата постои и декоративен малтер Be Special Décor Retro кој дава груби нерамнини и ефект на антички ѕид или бруто-бетон. За пофини структури се користи Tunto Hieno при што се добива ефект на индустриски бетон, како и многу други најразлични техники добиени со комбинација на алати и потези. Како посебна боја е Liitu Blackboard Paint, со чие нанесување се добива површина на школска табла која може да се бои во секаква нијанса.
Од програмата за заштита на дрвени површини, достапни се премази за заштита на дрвото за надворешна употреба. Исто така, достапен е и сегмент кој го покрива индустрискиот дел на производите.
Специјален сегмент се епоксидните самоливни подови со максимален филм од 5 mm, кои се отпорни на абење и триење при што се употребуваат во индустриски објекти, и објекти од јавен карактер како шопинг центри, изложбени салони, аеродроми и друго. Нивната антистатичка карактеристика и лесно одржување ги прави погодни за употреба во болници.
Целта на компанијата Tikkurila е да ја реализира идејата на крајниот клиент со тоа што ќе обезбеди квалитетен материјал и добра изведба за на крај задоволството да биде обострано.