Насловна / Вести / Tikkurila BioRid – функционален премаз за заштита и отстранување на влага и мувла

Tikkurila BioRid – функционален премаз за заштита и отстранување на влага и мувла

Tikkurila-BioRid-system-Drytech-BioWash-ProSeal-work-image

Многу чест проблем со кој се сретнуваме во последно време е појавата на влага и мувла во домовите и работниот простор како резултат на кондензацијата предизвикана од големите температурни разлики на ова поднебје. Третирањето на ѕидовите, плафоните и останатите градежни елементи е очигледно најлесниот начин да се избегне контаминација со мувла и површините да се одржат во сува состојба.Tikkurila-BioRid-treatment-Drytech-before-and-after

BioRid е функционален премаз, односно боја на база на вода за отстранување на влагата и одржување на површините во сува состојба. Заштитата од мувла се базира на физички процес кој се одвива во микропорите во самата боја. Премазот привремено ја акумулира водата во текот на периодот на кондензација, а кога температурата на површината е над точката на росење, влагата испарува во атмосферата. Овој процес на испарување се одвива на ефикасен начин во споредба со рамна површина поради технологијата на матрицата на микропорите. На пример, еден метар квадратен BioRid со дебелина од околу 1 mm претставува зголемување на релативната површина од скоро 12.000 пати, т.е. приближно големина на два фудбалски терена. Поради тоа водата испарува побрзо, а бојадисаната површина останува сува.BioRid_1

BioRid е посебно погоден за нови и претходно обоени површини во услови во кои е потребна заштита на филмот на бојата од контаминација со мувла, како што се просториите во кои се живее, бањи, кујни, подруми, паркинг-гаражи, простории во индустријата за прехранбени производи, пивници, винарии, магацини и фарми кои се занимаваат  со сточарство и земјоделство.

BioRid ­системот се состои од 3 производи:

1. BioWash – детергент за миење и отстранување на мувлата и алгите

2. ProSeal – основен транспарентен премаз за порозни и апсорбирачки површини пред нанесување на BioRid

3. BioRid – функционален премаз за заштита од мувла и влага

imageedit_3_8529045689

Tikkurila BioRid во Германија доби „Хигиенски сертификат“, одобрен е од страна на Сојузното здружение на инспектори за прехранбени производи на Германија (BVLK).

Испрати коментар

Scroll To Top