Кога ќе се спојат два врвни бренда, резултатот мора да биде фантастичен. Токму таква е колекцијата Tiffany x Globe-Trotter која ќе ги воодушеви сите љубители на оваа куќа за накит, која во своите ормани ги чуваат baby сини кутии во кои Tiffany го чуваат својот накит и додатоци.
Препознатливата сина боја и елегантниот дизајн се основните карактеристики на колекцијата на куфери и торби меѓу брендовите Tiffany и Globe-Trotter.
Колекцијата се состои од четири патни куфери со различни големини, кофери за накит и кофери за шминка. Тие се рачно изработени во Велика Британија и се достапни во легендарната продавница Tiffany на Петта авенија и во избраните продавници на Tiffany низ целиот свет.