Насловна / Арт и дизајн / Тiffany & co лансираше најлуксузен календар на свет

Тiffany & co лансираше најлуксузен календар на свет

Веќе можете да си го подарите на себе или на некој што го сакате, најновиот луксузен модел Тiffany & co Advent calendar 2019, кој содржи колекција на скапи подароци кои дефинитивно ќе го разбудат во вас заспаниот дух во сезоната на празници. Календарот Advent со висина од 120 сантиметри, со цена која се движи од 112,000 американски долари, е покриен со рачно илустриран дезен на нивниот бутик на Петтата авенија, веднаш до Trump Tower, а содржи голем број изненадувања на Тiffany & co, кои ќе го направат вашиот декември поинтересен.

tif2
„Оваа празнична сезона, сакавме да ги изненадиме нашите клиенти на еден сосема нов начин, презентирајќи ги нашите имагинативни парчиња и искуства, кои можете да ги најдете само во нашите бутици“, вели Rid Krakof, уметнички директор на овој бренд.

tif1
И навистина, внатре во овој календар ќе пронајдете бројни, интересни изненадувања, вклучувајќи парчиња од Tiffany T, Victoria и HardWear колекции, со некои интересни додтатоци од нивната Tiffany’s Everyday Objects понуда. Еден ден на поклон можете да добиете сребрена чаша која чини 625 долари, додека следниот ден позади вратичката може да ве очекува i Tiffany T True нараквица од 18-каратно злато со цена од 4.800 долари. Тука е и огрлца Smile од 18-каратно розе злато декорирана со дијаманти.

tif
Аdvent календарот е дел од Very, Very Tiffany празничниот каталог, кој содржи вкупно 12 подароци. За љубителите на накит тука е интересен прстен со беспрекорен дијаман од осум карати, кој сами го дизајнирате заедно со Krakof. За љубителите на бензин тука е vintage моторот Indian Motorcycle, финиширан со Tiffany сина боја, додека љубителите на готвење ќе уживаат во AGA сет тави од лиен челик, во иста исконска нијанса, како и Tiffany есцајг, прибор за јадење и кристални чаши.
Оние кои уживаат во градиниарството можат да си подарат сребрен пластеник, идеален за создавање минијатурна градина. Светските патници можат да отидат на сафари во времетрањење од 11 дена и од прва рака да видат каво влијание има Tiffany Wildlife Conservation Network на локалните животни, а се тоа следено со Tiffany x Globe Trotter сет за багаж.

Испрати коментар

Scroll To Top