Насловна / Архитектура / The Inside Home, куќа во Иран како одговор на брзиот развој во областа

The Inside Home, куќа во Иран како одговор на брзиот развој во областа

Иранското архитектонско биро Olgoo ја заврши подземната куќа за одмор во близина на Техеран, со зелен кров што се спојува со околниот пејзаж.

и2

Наречена The Inside Home, резиденцијата во близина на селото  Ammameh е проектирана како одговор на брзиот развој во областа, каде што многу од нејзините зелени површини се заменети со градби.

и3

Архитектите го поставиле објектот на косата локација и го организирале околу централен двор за да „испрати порака“ за тоа како новите објекти треба да го земат предвид природниот пејзаж наместо да профитираат од него.

и18

„Селото е познато по своите пространи градини, но во последниве години беше толку многу напаѓано од трговци со земјиште што слабите локални закони не може да се спротивстават на брзото претворање на градините во мали парцели за продажба и изградбата на густо поставени згради “, објаснуваат од бирото за Dezeen и продолжуваат: „Засолнувајќи се длабоко во земја и изградба помалку од дозволеното, Inside Home може да биде критична реакција, а во исто време и да предложи начин на адаптивно живеење во непосредна близина на природата“.

и5

„Јавната зграда има корист од максимална светлина и поглед, додека, напротив, зградата на спалната соба лоцирана од другата страна на дворот има минимална светлина за да се нагласи големата разлика помеѓу општествениот и приватниот живот“, велат од Olgoo и додаваат: „Ќе ја почувствувате природата додека се движите меѓу зградите, што го прави искуството од секој простор независно и единствено“.

и14

На запад, централниот двор се отвора во голема тераса. Овде, просторот за седење гледа на околното село, заштитен со дел од бетонскиот кров.

The Inside Home неодамна се најде на листата во категоријата рурални куќи на Dezeen Awards 2023 година.

и13 и1 и4 и10 и19 и20 и21 и16 и17 и12 и9 и11 и6 и7 и8

Испрати коментар

Scroll To Top