Добитник на наградата Buliding of the Year за оваа година, е оваа прекрасна вила и дело на повеќенаградуваниот архитект Чарлс Рајт.
Именувана како The Edge, оваа неверојатна вила има некои прилично интересни карактеристики и и совршена локација – се наоѓа на врвот на престижниот Flagstaff Hill, во градот Порт Даглас во Австралија.
И покрај тоа што има само две спални соби и четири бањи, вилата претставува ретко импресивен имот.
Објектот има простор за општествени собири во својот екстериер и преубав infiniti базен. Секој процес од нејзината изградба е беспрекорно извршен, како и внатрешниот и надворешниот дизајн.
Нејзината цена е 6.5 милиони долари.
Има само едно ниво, кое е малку подигнато, со цел максимално да се искористи потенцијалот на погледот на океанот. Нејзиниот простор е совршено балансиран, со флексибилно отворени простории со сите опции, вклучувајќи дневен престој, забава, јадење, рекреација и пливање.
Прекрасно функционална, оваа вила има луксузен мастер апартман, со отворен дизајн со две гардероби, две купатила и совршен поглед, оваа просторија делува како идеално место за одмор и релаксација.
Вториот апартман за гости има своја бања, гардероба и кабинет, и претставува совршен завршен детал на овој имот.