Studioto MK27 ја проектираше Тетрис-куќата со локација во Сао Паоло, Бразил. Дрвениот волумен е создаден со игра на волумени како познатата игра тетрис, со порозност на просторот, нивно одземање и додавање.
Дневната соба е сместена токму во прaзниот одземен простор, дефинирајќи ја целокупната волуменска игра. Просторот е сепак ограничен, заедно со источната фасада со дрвена полица која содржи библиотека и огниште.
Дрвената обвивка на приземјето продолжува кон надвор и станува фасада. Исто така и камениот под од дневната е мултиплициран и на терасата, и истиот материјал од внатрешните ѕидови се „преточуваат“ и на дел од фасадата. На овој начин се остварува континуитет не само на внатрешната со надворешната циркулација, но исто така и во употребата на материјалите и рушењето на просторните граници.