Насловна / Вести / Тетово со неколку мерки против загадувањето

Тетово со неколку мерки против загадувањето

protestint

Непосредно пред протестот што го најави НВО „Еко Герила“ против загадувањето на воздухот, општина Тетово ги претстави мерките за заштита што ќе се преземат, а ги соопшти градоначалничката Теута Арифи.

„На двете клучни точки за влез и излез од градот, односно кружниот тек кај Веро и оној на булевар Илинден, локалниот општински инспекторат и полициската единица од Тетово вршат чести контроли за обезбедување специјален режим на сообраќај, особено за тешки товарни возила на кои не им се дозволува влез во градот. Исто така, се ограничува и движењето на возилата што вршат достава на стоки во време на најголемата фреквенција на возила во градот.

tetovo protesti za cist vozduh
Општинскиот инспекторат спроведе инспекции на индустриските капацитети кои оперираат со дозвола Б или еколошки елаборати“, рече Теута Арифи, градоначалничка на општина Тетово. Од локалната власт сериозно размислуваат и за воведување јавен градски превоз и зонско паркирање.

Меѓутоа, од граѓанското движење за заштита од загадувањето на воздухот, бараат од општината овие мерки да не останат само на хартија, туку да се спроведуваат во континуитет.

Тетовци во цела 2014 година дишеа 310 дена загаден воздух. Поради ваквата алармантна состојба граѓанското здружение „Еко Герила“ во петок најавува нов протест против аерозагадувањето.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top