Насловна / Вести / Тетово синоќа се гушеше во густ чад и тежок мирис

Тетово синоќа се гушеше во густ чад и тежок мирис

Синоќа во центарот на Тетово можеше и со голо око да се примети густиот чад кој го запоседна градот, но и тешката миризба која која печеше на грлото. Голем број на тетовски граѓани ја приметија оваа чудна и несекојдневна појава. Тешката миризба и намалената видливост од чадот ги испразни градските улици уште рано вечерта.

1-gust-cad

Од каде доаѓаше овој чад е сеуште непознато, но повторното стартување на Југохром и речиси непрекинатото горење на ѓубрето од дивите депонии, и покрај поволните временски услови проследени и со ветровито време, повторно ги даваат своите негативни резултати врз квалитетот на воздухот.

Се чини дека никој од надлежните не е загрижен од ваквата состојба и не превзема никакви активности за чистење на градот од сметот и негова дистрибуција до соодветна депонија, па така да се спречи неговото палење. Се додека надлежните не превземаат ништо, на тетовчани им останува да го дишат, со доказ осведочениот, најзагаден воздух во светот.

3-gust-cad

4-gust-cad

Испрати коментар

Scroll To Top