Според податоците од Министерството за животна средина за квалитетот на амбиенталниот воздух, утрово високо ниво на загаденост со ПМ честички е регистрирано во Центар, Карпош, Битола и во Тетово.
Тетово и скопската населба Лисиче, рушат рекорди во загаден воздух. Мерните станици, во Тетово во текот на вчерашниот ден покажуваа дека воздухот е загаден 17 пати повеќе од дозволеното, додека во Лисиче воздухот е загаден 10 пати повеќе од дозволеното.
Односно, канцерогените ПМ 10 честички во Тетово стигнуваа до 850 микрограми на метар кубен, додека во Лисиче стигнуваа до 550 микрограми на метар кубен.
Но, иако во другите делови од Скопје и во другите градови во земјава загадувањето беше помало од Тетово и скопската населба Лисиче, сепак мерните станици покажуваа високо ниво на загаденост и во Битола, како и скопските населби Карпош и Гази Баба.