Насловна / Архитектура / Тестирањето на пловечки базен +Pool во Њујорк ќе започне ова лето

Тестирањето на пловечки базен +Pool во Њујорк ќе започне ова лето

Тестирањето на пловечкиот базен +Pool предложен за водните патишта во Њујорк ќе започне ова лето откако проектот ќе добие 16 милиони долари за да се унапреди, пишува Dezeen.

2

Проектиран од студиото PlayLab Inc со седиште во Лос Анџелес и сега распуштеното студио Family, +Pool е базен во облик на крст кој ќе ги филтрира загадувачите од околната вода без хемикалии и ќе обезбеди јавно достапно пливање за жителите на Њујорк.

3

Непрофитната организација Friends of +Pool неодамна објави дека проектот добил четири милиони долари од градот Њујорк и 12 милиони долари од државата Њујорк за да го „пилотира и да го зголеми“ проектот за летото 2024 година.

1

„Ова лето, гувернерот и непрофитната организација Friends of + POOL планираат да лансираат верзија на базенот за филтрирање на вода од околу 185 квадратни метри, користејќи го проектот и технологијата на + POOL“, се вели во соопштението на тимот.

10

„Инсталацијата во Њујорк ова лето ќе покаже како +Pool и неговиот единствен систем за филтрирање ќе овозможат пристап до нашите води и ќе ги исполнат новите прописи поставени од владата.

4

Пилот проектот, исто така, ќе служи како тестирање на проектот на +Pool што ќе се користи и на други места во државата Њујорк, со рендери кои прикажуваат како плови во водните патишта во Бафало, Њубург, Рочестер и други локации.

5

Според тимот, +Pool со целосна големина ќе може да прочисти 1.000.000 галони вода дневно со филтрирање на водата низ неговите ѕидови без хемикалии или адитиви.

7

Патентираниот систем за филтрирање создаден од Friends of + POOL „овозможува речната вода да достигне прифатлив микробиолошки стандард за пливање“ со користење на софтвер за моделирање на квалитетот на водата на Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Држави (US EPA).

6

Четирите краци на дизајнот во форма на крст, исто така се и прилагодливи и може да се реконфигурираат за различни активности, вклучувајќи пливање во круг, водени спортови и детски активности.

8

Деловите може да се користат самостојно или да се комбинираат за да се формира базен со олимписка должина или од окоу 850 квадратни метри.

12

„Јавната демонстрација на системот ова лето ќе им овозможи на државата Њујорк и на Friends of + POOL конечни податоци потребни за обезбедување на дозволи и зелено светло за завршување на инсталацијата на базенот“, велат од тимот.

Се очекува базенот да биде отворен за капачите во лето 2025 година.

8 9 11  14

Испрати коментар

Scroll To Top