Компанијата Tesla повлекува 1,68 милиони електрични автомобили, со цел да го надогради софтверот и да овозможи предупредување за возачот секогаш кога просторот за багаж не е заклучен. Се повлекуваат возилата Model S и Model X кои во Кина се увезени, како и Model 3 и Model I, произведени во Кина во периодот од 15-ти октомври 2020 до 17-ти јули 2024.
Државната управа за регулација на пазарот потврдила дека проблемот би требало да се реши со далечинско надградување на софтверот. Кина е главниот пазар и производна база за Tesla. Минатиот месец компанијата пријавила значителен пад на приходите, поради падот на продажбата и покрај финансирањето со ниски камати.