Насловна / Вести / „Тесла“ под истрага за лажирање километража

„Тесла“ под истрага за лажирање километража

Јужнокорејскиот антимонополски регулатор размислува за изрекување казна на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, бидејќи утврдиле дека компанијата ги преувеличила спецификациите за својствата на своите батерии и ја фалсификувала километражата што автомобилите можат да ја поминат со едно полнење.

1_resize

„Тесла“ ја преувеличи километражата што можат да ја поминат некои модели на овие електрични автомобили, вклучително и „model 3“, со што е прекршен Законот за чесно обележување и огласување, се вели во извештајот на Корејската комисија за фер трговија (KFTC).

„Планираме да одржиме голем состанок за да го разгледаме и утврдиме во која мера овој производител на автомобили го прекршил законот и одлучиме за нивото на санкциите“, изјави претставник на KFTC за Ројтерс, кој сакаше да остане анонимен.

2_resize

„Тесла“ на својата веб-страница наведува дека нејзиниот „model 3“ може да помине 528 километри со едно полнење на батеријата. Сепак, KFTC откри дека опсегот може да биде помал од тоа ако температурата падне под нулата.

Аналитичарите велат дека повеќето електрични возила генерално може да забележат одредено губење на дометот на студено време.

Screenshot 2022-02-17 113455_resize

Покрај тоа, KFTC исто така размислува дали да изрече казни за Tesla за невратени депозити на купувачите кои откажале онлајн купувања. Во Јужна Кореја, „Тесла“ бара од купувачите да платат депозит од 100.000 вони (84 долари) кохга онлајн го нарачуваат електричниот автомобил, но депозитите не се вратени по откажувањето на нарачката, објави новинската агенција Јонхап.

„Тесла“ не беиле достапни за коментар кога Ројтерс ги контактирал.

Испрати коментар

Scroll To Top