Производителот на електрични автомобили Tesla ги менува производствените планови, главно поради огромниот интерес за новиот Model 3, за кого веќе има над 400.000 нарачки. Затоа компанијата планира да произведе 500.000 автомобили до 2018 година, а не како што беше предвидено до 2020 година.
Oстанува прашањето кога точно Tesla ќе го започне производството на Model 3, за да може да произведе 200.000 примероци од овој модел до крајот на 2018.
Првично планот беше производството да почне на 1 јули 2017, но од Tesla веќе признаа дека најверојатно тешко ќе се запази овој рок.