Насловна / Вести / „Тесла Моторс“ ќе отвори регионална станица за полнење на електрични автомобили

„Тесла Моторс“ ќе отвори регионална станица за полнење на електрични автомобили

supercharger-hero@2x
Американската компанија „Тесла моторс“ идната година планира во земјава да отвори регионална станица за полнење на електрични возила. Со оваа инвестиција компанијата очекува поголема промоција на електричните возила, кои сè уште не се доволно познати на Балканот.
Во моментов најблиската станица во регионот е во Љубљана, додека најблискиот сервис центар се наоѓа во Виена. Од мапата објавена на сајтот може да се види дека голема е покриеноста на мрежата во Западна Европа. Компанијата има во план да изгради уште по една помала станица во Словенија, во Хрватска, како и по две во Србија и Бугарија, заваршувајќи ја рутата со една станица за полнење во Истанбул.
Tesla-Supercharger-Europe-2016-eff-Oct-2014
Македонија е дел од проектот за поддршка на зелената транспортна инфраструктура, чија клучна цел е заштита на животната средина.
Компанијата „Тесла“ има 385 станици за полнење на електирчни автомобили, со вкупно 2096 полначи.

 

Испрати коментар

Scroll To Top