Првиот модел на Tesla, за жал немаше пазарен успех како Model S, но успеа да привлече доволен број на обожаватели кои со нетрпение го очекуваат следното издание. Идниот Roadster нема да ги изневери, а има и големи шанси да привлече нови фанови.
Отворениот електромобил треба да биде поголем, помоќен и побрз од својот претходник. Се планира да биде изграден на платформата на Model 3 и ќе добие посериозни конструкторски решенија. Дизајнот, исто така, ќе претрпи ревизија во насока на унификација со постоечката палета на американскиот производител.
Најголемата модернизација кај новиот Roadster е програмата за подобрување на перформансите на стариот модел. Доработката вклучува зголемување на автономијата, па со едно полнење наместо 390 ќе минува 550 километри, односно подобрување за 35%.