Компанијата Tesla ги испорача на купувачите првите автомобили од моделот Y, произведени во големата фабрика во Германија, вредна 5 милијарди евра. Оваа фабрика е првиот европски производен центар на Tesla, и најголемо вложување во еден германски погон за производство на автомобили во поновата историја.
Со 12.000 работници, фабриката е најголемиот работодавач во покраината Бранденбург, каде е лоцирано и германското седиште на компанијата, Во полн капацитет, фабриката ќе произведува 500.000 автомобили годишно, односно повеќе од главниот ривал Volkswagen, кој минатата година ширум светот продал 450.000 електрични возила. Сепак, засега Volkswagen го држи приматот на европскиот пазар на електрични возила со удел од 25%, а Tesla има 13% удел на пазарот.