Паметниот термостат дело на францускиот дизајнер Филип Старк, може да ги следи активностите на станарите во одреден простор и според тоа да ја регулира температурата. Термостатот е дизајниран за компанијата Netatmo, која произведува уреди за мониторинг на метеоролошките услови.
Овозможува регулација на температурата со помош на апликација на смарт телефон или таблет. Со синхронизација, редовно следење и меморирање на активностите на станарите во објектот температурата може да се регулира во секој момент.
Може да се користи за сите видови греење – нафта, гас, дрва. Дури може и рачно да се контролира во случај корисникот да не поседува смарт телефон.
Освен исклучителната корисност и можноста за остварување заштеди во потрошувачката на енергија, овој уред има и убав дизајн. Со него можете да ја контролирате температурата во домот, во секој момент и од кој било дел на светот. Со следење на навиките и движењето на станарите, термостатот сам се адаптира на новата ситуација. Освен тоа, корисникот ја има на располагање и историјата на потрошувачката. Се проценува дека на овој начин може да се направат заштеди и до 25%.
Извор: efikasnost.org