Насловна / Вести / Термоизолација со помош на целулозна пена

Термоизолација со помош на целулозна пена

Голема количина на енергија се троши за греење и ладење на домаќинставта и деловните обекти, па важно е да се пронајдат нови начини за намалување на топлинските загуби и добивки на објектите со цел заштеда на енергија. Инженерите во Кина и Германија развиле нова пена на база на дрво која може драстично да ја смени состојбата во поглед на термичката изолација на објектите. Станува збор за научници од Универзитетот во Гетинген и Универзитетот во Нанџинг, кои создале нов материјал со намера да решат некои од овие проблеми.

cellulose1

Во суштина се работи за пенеста материја направена од дрво која ја рефлектира сончевата светлина,  делува како топлинска изолација и ја емитува апсорбираната топлина назад во атмосферата. Направен е од нанокристали на целулоза, поврзани со мост од силан, се замрзнува и се суши во лесна бела пена. Добиениот производ рефлектира 96% од видливото сончево зрачење и емитува 92% од инфрацрвеното зарчење кое го апсорбира. Истражувачите проценуваат дека поставувањето на оваа пена на покривите и на надворешните обвивки на зградите би можело да ја намали енергијата за ладење во просек за 35%. Истражувањето е објавено во часописот Nano Letters.

cellulose2

Испрати коментар

Scroll To Top