Насловна / Вести / Термоцентралите во светот трошат вода еднаква на потребите на една милијарда луѓе

Термоцентралите во светот трошат вода еднаква на потребите на една милијарда луѓе

Termocentrala1

Сите термоцентрали во светот трошат количина на вода која е доволна за задоволување на основните потреби на една милијарда луѓе на нашата планета, стои во извештајот на „Greenpeace“, во кој се осудува огромната потрошувачка на вода во индустрискиот сектор, особено во енергетиката базирана на јаглен. Невладината организација предупредува на изградбата на нови термоцентрали, одговорни за огромниот притисок врз главните речни басени во светот, и конечно за недостатокот на вода во одредени региони.

Termocentrala sema

Во истражувањето чии резултати се објавени под насловот „Големата кражба на вода: Како индустријата на јаглен ја продлабочува глобалната криза на водните ресурси“, „Greenpeace“ ги повикува владите да преземат сериозни мерки и да се свртат кон одржливи енергетски политики, бидејќи за неколку децении ќе биде предоцна. Во извештајот е нотирано дека денес во светот работат 8.359 термоцентрали, а во моментот околу 2.600 се во фаза на проектирање или изведба.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top