Термоцентралите на јаглен на Балканот предизвикуваат негативни влијанија врз животната средина, но и трошоци во висина од околу 8,5 милијарди евра за санирање на последиците по здравјето, и неопходно е ЕУ да ја преиспита својата енергетска политика. Ова е заклучокот од најновата студија објавена неодамна во Брисел и Сараево од страна на Сојузoт за здравје и природна средина (HEAL). Меѓу другото, во студијата се наведува дека дури седум од 10 термоцентрали на јаглен во Европа кои се најголеми загадувачи се лоцирани токму на Балканот.
„Нашиот извештај покажува голема штета по здравјето заради користењето на јагленот во производството на електрична енергија во земјите од Западен Балкан, и го разобличува митот дека јагленот е најевтината енергетска суровина“, соопшти во таа прилика заменик директорката на HEAL, Anne Stauffer.
„Изворите на загадување во земјите од Западен Балкан се два и пол пати над дозволените граници препорачани од страна на Светската здравствена организација (СЗО)“, се додава во студијата заедно со заклучокот дека главните загадувачи се јагленот, сообраќајот и домаќинствата.
Во истражувањето со кое се опфатени БиХ, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, се наведува дека според СЗО, економската штета од прераното умирање заради загадувањето на воздухот во Србија изнесува 33,5% од БДП, наспроти Германија во која таа вредност е 4,5%.
Според студијата, следните 10 термоцентрали на јаглен се најголеми загадувачи во Европа:
1. „Угљевик“ во Босна и Херцеговина
2. „Никола Тесла“ во Србија
3. „Костолац“ во Србија
4. „Аминтаио“ во Грција
5. „Какањ“ во Босна и Херцеговина
6. „Битола“ во Македонија
7. „Белхатов“ во Полска
8. „Марица Исток 2“ во Бугарија
9. „Костолац А“ во Србија
10. „Тузла“ во Босна и Херцеговина
zatoa sega ELEM pokrena tender za studija za nova termoelektrana na jaglen vo Negotino. vo 21 vek, povtorno vo Negotino, nova elektrana na jaglen!? Nevladinite ekologisti znaat za ovaa vest?