Насловна / Архитектура / Теретана со најголемиот стаклен панел во светот

Теретана со најголемиот стаклен панел во светот

Архитектонското биро Invisible Studio ја има проектирано хотелската теретана во англискиот регион Сомерсет како независна зграда од 150 квадратни метри, што создава силна врска со градината преку огромен стаклен ѕид.

teretana4

Прозорецот на теретаната – кој всушност е северната фасада на зградата, со димензии 15 метри широк и 3,3 метри висок – е еден од најголемите стаклени панели во светот, дури и поголем од стаклениот ѕид во хотелот Гранд Парк во Ровињ.

teretana

Објектот го заменува ѕидот што се протегаше по северната граница на зеленчуковата градина, на местото каде традиционално би се градела стаклена градина, пишува Arch Daily.

teretana1

Градината, која го снабдува хотелот со свежа храна, придонесува за невообичаено пријатниот амбиент на теретаната, а палетата на материјали е усогласена со природната средина.

Источната, западната и јужната фасада на објектот се изработени од камен пронајден на локацијата, кој бил смачкан и „набиен“ во материјалот за обложување.

teretana2

Внатре, просторот за вежбање е целосно обложен со буково дрво, вклучувајќи вентилација и светлосни елементи скриени меѓу летвите. Со исклучок на опремата за вежбање, во просторијата нема мебел освен дрвена клупа вградена во еркерот.

teretana3

Стаклениот ѕид е оформен како масивен „кибик прозорец“ со странични делови, како и горната и долната страна исто така од стакло, така што јасно го врамува импресивниот и необичен поглед на градината.

Стаклената плоча е прецизно проектирана со толеранција од два милиметри и е испорачана по копно од фабрика во јужна Европа.

teretana5

Испрати коментар

Scroll To Top