Овој систем за заштита на фасадата од сончевите зраци е производ на познатата американска компанија Shildan со седиште во Њу Џерси, во САД.
Овој производ е направен од теракота и има неколку можности за поставување, а истовремено го има и во повеќе форми и големини, па така неговото поставување може да има и структурален и скулптурален изглед на фасадната завршница.
Производителите и изумителите на овие ситни брисолеи можат да се пофалат и со неколку бои, што во секој случај на корисниците им даваат поголем избор за формирање на финалниот изглед на објектите на кои се инсталираат овие теракотни брисолеи.