Модуларна кула составена од осум дела кои всушност се тениски игралишта може да биде нов модел на спортски објект. Овој „спортски“ облакодер ќе биде висок 90 метри и ќе има стаклена фасада со некаков вид електронски уреди за прикажување во форма на екрани што можат да се користат за пренос на спортски натпревари и друга содржина. „Playscraper“ е проект на компанијата Carlo Ratti Associati, која го дизајнираше во соработка со Итало Рота.
Модулите во форма на независни конструкции ќе бидат наредени еден врз друг и во рамките на секој од нив ќе има по едно тениско игралиште. Теренскиот простор ќе зафаќа површина од 5.500 квадратни метри во рамките на модуларните единици. Надворешните површини во форма на тераси ќе бидат покривните простори на модулот подолу. Секој од нив ќе има стаклени sидови од подот до таванот што ќе обезбедат панорамски поглед на околината.
Изградбата ќе се заснова на принципот на иновативна технологија на градба заснована на сендвич панели од лесен нерѓосувачки челик. Системот е развиен од Broad Sustainable Building, за која Carlo Ratti Associati рече дека е инспирирана од надворешниот изглед на вселенските летала. Поради фактот што станува збор за модуларна, целата конструкција лесно може да се расклопи и да се премести на друга локација доколку е потребно.
Проектот е специфичен по тоа што поставува спортски објекти една врз друга со „градење“ вертикален спортски центар. Тие експериментираат со нов вид јавен простор, кој се протега вертикално наместо хоризонтално. Кулата е лесна за инсталирање, но исто така и за демонтирање и лесно може да се премести на друга локација. Овој флексибилен пристап се вклопува во кружната природа на денешните спортски натпревари и настани што се движат од една на друга локација во текот на целата година.
Сè уште не е познато кога би почнала реализацијата на овој проект, иако самиот концепт има потенцијал, особено во изградените урбани области.