На дресовите на тениските ѕвезди се рекламираат познати брендови за спортска опрема, автомобили, часовници и сл. Но, дали сте забележале дека познатиот тенисер Енди Мареј на својот дрес го има логото на една еколошка организација. Тоа е логото на WWF (World Wildlife Fund), односно Фондот за заштита на дивата природа. Мареј стана глобален амбасадор на WWF во ноември минатат година, и работи на поддршка во заштитата на животинските видови во Непал.
WWF е една од водечките светски независни организации за заштита на животната средина со над 5 милиони поддржувачи и глобална мрежа активна во повеќе од 100 држави.