Насловна / Вести / Тендер за нов водовод во Шуто Оризари

Тендер за нов водовод во Шуто Оризари

suto orizari

Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Шуто Оризари е готов, тој е во фаза на разгледување во Светска банка, а тендерот за изведувач, најверојатно, градската власт ќе го распише во декември годинава, најави градоначалникот Kоце Трајановски на средбата со градоначалникот Елвис Бајрам, на која се зборуваше за новите проекти што ќе се реализираат в година на територијата на оваа општина.

Очекувањата се со овој проект да се реши водоснабдувањето на 40.000 жители.
„Подобрувањето на мрежата за снабдување со вода во населбата Шуто Оризари ќе се направи со изградба на пумпна станица кај раскрсницата помеѓу улицата Босна и Херцеговина и булевар Словенија, изградба на нов потисен цевковод до постојните резервоари и изградба на нов резервоар.

Овој проект ќе го реализираме со средства од Светска банка, а заедно со неговата проектантска вредност, целокупната чинење е околу четири милиони евра“, рече градоначалникот Трајановски.
Kредитот што Градот ќе го подигне од Светска банка е во висина од 1,4 милион евра, а останатите пари ќе се обезбедат од касите на Градот, „Водовод и канализација“, како и од Општината Шуто Оризари.
На средбата беше потенцирана добрата соработка меѓу двете локални самоуправи, како и последната акција на Градот и „Kомунална хигиена“, во чии рамки беше исчистена депонијата на улицата „Федерико Гарсија Лорка“, црна точка со години, при што беа подигнати 1.500 метри кубни отпад и шут, а ѓубрето изнесено со 70 камиони. На локацијата засадени се нови дрвја, а Трајановски апелира до жителите да не ја валкаат општината и да ги чуваат новите садници.

Испрати коментар

Scroll To Top