Општина Аеродром деновиве објави тендер за изградба на јавно осветлување на локалитет Горно Лисиче УЕ А, меѓу зградите на ул. 8, 11, 12 и 13.
Станува збор за проект, кој опфаќа изградба на јавно осветлување во вкупна должина од околу 700 метри, при што ќе се постават околу 25 светилки меѓу новите згради кај последната станица на автобуските линии со број 5 и 15.