Насловна / Архитектура / Темната страна на градот: Мадрид низ објективот на подземјето

Темната страна на градот: Мадрид низ објективот на подземјето

Архитектонскиот фотограф Мануел Алварез Диестро заедно со визуелниот уметник Карлос Гил го претставуваат проектот ‘Подземен Мадрид’, фотографска серија каде што ги овековечиле атмосферите на подземјето на Мадрид, прикажувајќи го небезбедниот аспект на градот, поблизок на научната фантастика одошто на реалноста.

1

Овој проект е патување низ времето во подземјето, каде се спојуваат минатото и иднината. Алварез Диестро се фокусира на доловување на просторните и архитектонските аспекти, со оглед на неговото искуство, додека Карлос Гил бил задолжен за концептуализирање на темнината на тој свет, давајќи им живот на овие простори.

3

Авторите ја видоа можноста да го откријат најпознатиот дел од Мадрид, нудејќи фасцинантна приказна, но сосема поинаква од сликата што ја имаме за надворешноста на градот, со неговите споменици, јавни простори и небо.

5

4

Од друга страна, тие исто така имаат за цел да ги доловат архитектонските аспекти на најскриениот дел на Мадрид. Различните точки од фотографската секвенца, пристапуваат кон простори со многу различни атмосфери како што се: вселенски шатлови, безвременски светилишта, бесконечни коридори и простори со сопствен живот.

Меѓу сценаријата на Мадридското подземје се: хидрауличните инсталации на Каналот Де Изабел II и Тунелот Бура, резервоар за вода што ќе се користи само во случај на еколошка катастрофа; делот од автопатот М30, затрупан додека минува низ југоисточниот дел на градот, без никаква функција, како и напуштените патеки на тунелот на метрото, изграден во 19 век за носење готовина од националната банка на Шпанија до тајните складови на улицата Гоја.

6 8

Според авторите, внатрешноста на автопатот М30 била едно од најстрашните места што ги посетиле, до кое пристапиле откако се симнале од скали до 90 метри. Алварез Диестро објаснува дека патувал во различни делови на светот, но дека најмоќната застрашувачка приказна се развиала токлму пред неговите очи, во градот каде што живее, Мадрид.

Покрај тоа што се соочува со навистина мрачни и небезбедни простори, области со азбест и практично недостапни локации, оваа серија фотографии ќе претставува негов своевиден предизвик на професионално ниво. Ако се знае дека Мануел Алварез Диестро обично се соочува со други видови сценарија, генерално отворени простори каде главно се бави со доловување на односот помеѓу архитектурата и природниот премин на околината што ја опкружува.

Во оваа авантура тие ја имаа поддршката од група студенти од Универзитетскиот факултет за уметности ТАИ во Мадрид, кои го собраа ова искуство во видео материјал наречено „Потекло“, претставено од Карлос Гил во изложбата „Declive“ во CA2M во Мадрид.

7

9 10

Испрати коментар

Scroll To Top