Насловна / Арт и дизајн / Темите на Salone del Mobile 2025 – ќе се занимава и со вештачката интелигенција

Темите на Salone del Mobile 2025 – ќе се занимава и со вештачката интелигенција

Оваа година најголемиот светски саем за мебел ќе се одржи од 8 до 13 април во Fiera Milano и ќе собере повеќе од 2.000 изложувачи од 37 земји, што укажува на важноста на неговата позиција како стратешка платформа за дизајнерската индустрија.

И вештачката интелигенција на саемот

Шеесет и третото издание на прочуениот саем во Милано ќе се фокусира на индустриското производство, одржливите иновации, но и вештачката интелигенција како клучни теми на настанот, се со цел да се обликува иднината на дизајнот.

И минатата година се отвори темата за ВИ, а заклучокот беше дека вештачката интелигенција во дизајнот е алатка која го забрзува и подобрува креативниот процес, но не ја заменува клучната улога на човечката имагинација и оригиналност, туку напротив ги надополнува со нови можности и перспективи.

Саемот ќе биде организиран на простор од 169.000 квадратни метри, вклучително и простор каде што ќе има и „повратник“ – биеналната изложба за осветлување Euroluce, која ќе собере повеќе од 300 брендови од 25 земји.

Програмскиот сегмент SaloneSatellite ќе биде присутен и на Salone del Mobile 2025 година, со 700 дизајнери помлади од 35 години и 20 меѓународни школи.

Слободно може да се каже дека овој настан продолжува да привлекува широка професионална публика, имајќи предвид дека на Салонот одржан во 2024 година беа забележани 370.000 посетители од 146 земји.

Инсталлација La Dolce Attesa

Преку новата културна програма се воведуват три специфични инсталации: Villa Héritage на Пјер-Ив Рошон (во павилјоните 13-15), La Dolce Attesa на режисерот Паоло Сорентино (во павилјоните 22-24) и Mother на Роберт Вилсон во Museo Pietà Rondanini – Castello Sforzesco.

Според презентираниот изложбен план на Euroluce, Меѓународниот форум за осветлување ќе се одржи на 10. и 11. април, со мастеркласови и тркалезни маси на кои ќе се дискутира за дизајнот на осветлување во рамките на The Forest of Space Arena, проектирана од Соу Фуџимото.

Овој настан ќе вклучува дискусии за одржливост, технологија, интеграција на вештачката интелигенција и осветлување насочено кон корисниците.

Sou Fujimoto, The Forest of Space

Четири главни изложби

Во рамки на Salone del Mobile, комуникациската кампања за 2025 година Thought for Humans, осмислена од Dentsu Creative Italy, ќе го претставува односот помеѓу луѓето и материјалите.

Планирано е Салонот да вклучи четири главни изложби: Salone Internazionale del Mobile, International Furnishing Accessories Exhibition, Workplace 3.0 и S. Project.

Редизајнираниот распоред во облик на клучка за павилјоните 13–15 и 22–24 го подобрува искуството на посетителите и вклучува нови тематски рути.

Новиот изложбен простор, A Luxury Way (павилјони 13–15), ќе се фокусира на италијанското занаетчиско производство и безвременскиот дизајн.

Роберт Вилсон во миланската Скала

Како и минатата година, настанот се шири низ Милано и надвор од саемскиот простор. Може да се каже дека една од поистакнатите изложби е инсталацијата Mother од Роберт Вилсон, која ќе биде отворена до 18. мај во соработка со општина Милано, а истиот творец како кустос ќе отвори гала вечер во миланската Скала наречена The Night Before – Objects, Chairs, Opera.

Повеќе од 100 салони ќе учествуваат во Fuorisalone, отворајќи ги вратите за посетителите, додека проектот Welcome, организиран во соработка со локални институции и школи за дизајн, ќе ангажираат студенти кои ќе ги водат посетителите и ќе им даваат информации за настанот и активностите низ градот.

Mother на Роберт Вилсон

Минатогодишниот Salone del Mobile имаше разновидна програма и вклучуваше и интервенции од значајни личности, како неодамна починатиот Дејвид Линч, со што дополнително ја зацврсти својата репутација како платформа за културен и дизајнерски дијалог.

За време на Неделата на дизајн во Милано 2024 година, Salone del Mobile одигра централна улога во пошироката програма на изложби и настани низ градот, како одраз на неговото континуирано влијание во обликувањето на современите разговори за дизајн.

Villa Héritage на Пјер-Ив Рошон

Испрати коментар

Scroll To Top