Имаме гледано многу примери каде се проектирани станови во светли тонови, свежи бои и весели детали, па дури сме гледале и станови кои се целосно бели. Ваквите станови и комбинација на бои евидентно е дека се одлични, но има убавина и во становите со потемни тонови и бои.
Овој стан ги користи темните тонови како палета на бои за неговиот ентериер. Сивите ѕидови и мебел, споени со темната видлива тула и темниот под формираат целина која е доста темна, но сигурно не и застрашувачка. Освен тоа, во овој стан има неколку детали од индустрискиот дизајн кои ја разбиваат темната монотонија и даваат рамнотежа.