Насловна / Ентериери / Темен дизајн на дом со софистициран акцент на бои

Темен дизајн на дом со софистициран акцент на бои

Дизајнерите на ентериери, најчесто, при своите дизајни за одредени простори ги анализираат профилите на луѓето што ќе бидат корисници на овие простори, нивните желби и потреби, па така според овие анализи и ги поставуваат основните начела на нивните дизајни.

1-temen-stan-so-akcent-od-boi

Ентериерите каде темната основа на површините е доминантна, најчесто се наменети за корисници кои не сакаат нападни и светли бои и тонови во својот дом и сакаат после напорниот работен ден да ги „одморат“ своите очи во затемнета атмосфера.

2-temen-stan-so-akcent-od-boi

Принципите на овој ентериер се базирани врз начелата на ентериерите со темна основа, но истовремено става и акцент на колорит кој му дава доза на свежина, динамика, разиграност и слично.

3-temen-stan-so-akcent-od-boi

Како главен колоритен акцент во дневниот простор се јавува седечката гарнитура заедно со тепихот, каде посветлите и потемните тонови на виолетова боја ни даваат топлина, свежина и длабочина на овој простор.

4-temen-stan-so-akcent-od-boi

Исто така, значаен колоритно – освежувачки елемент е вметнувањето на свежо зеленило во дневниот простор, кое истовремено ја вметнува и природата во просторот.

5-temen-stan-so-akcent-od-boi 6-temen-stan-so-akcent-od-boi 7-temen-stan-so-akcent-od-boi 8-temen-stan-so-akcent-od-boi 9-temen-stan-so-akcent-od-boi 10-temen-stan-so-akcent-od-boi

Испрати коментар

Scroll To Top